Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Б-Лига! Вардар утре гостува кај Шкендија
Б-Лига! Вардар утре гостува кај Шкендија

Б-Лига! Вардар утре гостува кај Шкендија

По одигрувањето на заостанатиот меч со резервите на “Романтичарите“ и победата од 3:1 следат следни предизвици за резервите на ФК Вардар. Б-тимот на црвено-црните продолжува со одигрување на натпреварите предвидени во  натпреварувачки календар за оваа сезоната во ова натпреварување.

Мечот од рамките на четвртото коло нашиот резервен состав ќе гостува кај Б-екипата на  Шкендија од Тетово. Средбата ќе се  игра утре (среда ) со почеток во 13 часот. За  место на одигрување домаќинот го одреди  теренот во тетовската населба  Речица. Вардарци ќе атакуваат на втората победа тие имаат  домашна победа над тимот на ФК Работнички , а нагости имаа во досегашниот дел  две гостински реми исхода со  екипите на Брегалница 2-2 и Металург 1-1.