Екипата на РК Охрид 2013 која доаѓа од истоимениот град е следен противник на тимот предводен на клупата од Пепи Манасков. Овој дуел е во рамките на деветото коло од најквалитетното македонско клупско натпреварување “Супер лига“. Тимот на Охрид 2013 во најубавата охридска спортската сала “Билјанини извори“ ќе ги пречека младите црвено – црни ракометни надежи.
Дуелот е закажан утре 18 ноември (среда) со почеток во 18-00 часот. Домаќините во досегашниот дел од суперлигашкото натпреварување имаат 6 победи од 8 меча и со 18 бода се на третата позиција која е добитна за пласман на крајот од сезоната во плеј-офот. Намшите момци имаат победа помалце и моментално се пласирани на две позиции подоле од домаќинот на ова соочување. По ова гостување следен предизвик за младите вардарци е мечот на домашен терен со тимот на РК Радовиш закажан според натпреварувачкиот календар на ракометната федерација за 28 ноември во С.р.ц “Кале“ .