Нашата сениорска фудбалска репрезентација, денеска од 13 часот на Националната Арена Филип II, ќе одигра уште еден контролен меч, овој пат против селекцијата на Либан. По одличниот натпревар против Ц. Гора, амбициите кај нашите играчи пораснаа многу, па затоа и денеска одат на нова победа.
Речиси е сигурно, Глигоров ќе го започне натпреварот од првата минута, додека пак, другиот наш играч, Владица Брдаровски својата шанса ќе ја добие во продолжението од натпреварот.