Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го загуби врвот, Барселона е нов лидер во групата Б
Вардар го загуби врвот, Барселона е нов лидер во групата Б

Вардар го загуби врвот, Барселона е нов лидер во групата Б

После одиграни седум кола во лигата на шампиони, дојде до промена на врвот на табелата во најсилната група Б. По поразот во дербито од европскиот првак, црвено-црните го загубија лидерското место, кое сега им припаѓа на Барселона. Само еден постигнат гол повеќе од нашиот тим, им овозможи на Шпанците да се радуваат на вкупно петтата победа во групата. Вардарци го загубија врвот, но веќе во недела имаат можност повторно да се вратат на него, доколку бидат поуспешни пред своите навивачи во Ј. Сандански.

Во другите натпревари од ова коло во групата Б, фаворитите остварија победи, по што станува многу густо на табелата во оваа група. Рајн-Некар во еден тежок меч беше поуспешен од екипата на Монпелје на гостински терен. Киелце иако имаше негатива од еден гол по првото полувреме, сепак на крајот забележи убедлив триумф над Колдинг во Данска. Пик Сегед ја оправда улогата на фаворит на свој терен и без поголеми проблеми го победи Шведски Кристијанштад.

Вака изгледа табелата после седум одиграни кола во групата Б:

1. Барселона 11

2. Вардар  10

3. Рајн-Некар  9

4. Киелце  8

5. Пик Сегед  8

6. Кристијанштад  4

7. Монпелје  4

8. Колдинг  2

Вардар- Барселона 22.11  ( 17:45)

Рајн-Некар – Монпелје 18.11  ( 18:45)

Килеце – Колдинг  22.11  ( 19:00)

Кристијаншад – Пик Сегед  18.11 ( 19:00)