Нова хумана акција на големото црвено-црно семејство денес во “Детската клиника” -Скопје беа посетени децата кои новогодишните празници ги поминуваат во болницата. ФК Вардар заедно со Хотел Русија и со РСБСП подели новогодишни пакетчиња на сите во клиниката. На младите во клиниката играчите Блажевски и Глигоров, заедно со првиот човек на вардарци Г-н Самоил Симев.
Г-н Самоил Симев по повод овој чин изјави дека целта е да се роди желба за спорт, бидејќи тој е причинител за добро здравје, тој за овој чин изјави:
- Во соработка со РСБСП, Детската клиника и Хотел Русија и ние како фудбалски клуб Вардар се решивме да ја прифатиме оваа акција сѐ со цел барем на краток момент да им ги стоплиме срцата и да ги израдуваме дечињата. Се надевам дека успеавме да го постигнеме тоа и секако на тие дечиња да им родиме некоја желба со подарените дресови да го засакаат спортот и во иднина да бидат што поактивни бидејќи секако, спортот е причинител за добро здравје“, изјави Симев.