Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Фк Вардар не се лидери, но со големи шанси на крајот од сезоната да бидат шампиони
Младинците на Фк Вардар не се лидери, но со големи шанси на крајот од сезоната да бидат шампиони

Младинците на Фк Вардар не се лидери, но со големи шанси на крајот од сезоната да бидат шампиони

Младинците на Фк Вардар предводени од Љупчо Маркоски го завршија есенскиот дел од сезоната на третото место, со два бода заостанување зад лидерот Шкендија која го држи врвот. Вардарци забележаа вкупно 7 победи, 2 нерешени резултати и 2 порази. Гол разликата изнесува 21 постигнат и 12 примени голови. Одигравме со сите директни конкуренти за титулата и може да се каже дека имаме поволен распоред на одигрување во вториот дел од сезоната. На гостински терени игравме со екипите на Работнички, Академија Пандев и Шкендија, каде забележавме триумф во Струмица, реми со градскиот ривал и пораз на тешкиот терен во Тетово. Можеби најмногу изненади високиот пораз против Металург, кога на Железара загубивме со убедливи 5:1, кога уште од самиот старт бевме принудени да играме со играч помалку. Металург речиси и да нема шанси да се замеша во борбата за врвот, бидејќи се наоѓа на 6 место на табелата. Не беше планирано ни нерешениот резултат против екипата на Македонија Ѓ.П, на теренот на Локомотива, кога црвено-црните имаа многу прилики за погодок, но среќата не беше на наша страна.

Останатите дуели очекувано ги добивме во своја корист, што ни овозможија во пролетниот дел да влеземе со подеднакви шанси за титулата, како и нашите противници. Имаме два бода повеќе од Работнички, два помалку од Шкендија и идентичен број на освоени бодови со тимот на А. Пандев. Во втората полусезона, предноста е домашниот терен против екипите, со кои до последното коло ќе се бориме за трофејот од првенството.

Сите првенствени резултати на младинскиот состав, во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Работнички- Вардар  1:1

2 коло: Вардар- Победа  3:0

3 коло: Пелистер- Вардар  0:2

4 коло: Вардар- Еуромилк  4:1

5 коло: Шкендија- Вардар 1:0

6 коло: Вардар- Шкупи  3:0

7 коло: А. Пандев- Вардар  2:3

8 коло: Вардар- Македонија Ѓ.П 0:0

9 коло: Металург- Вардар  5:1

10 коло: Вардар- Ренова  2:1

11 коло: Милано- Вардар  1:2

Во националниот куп се пласиравме во полуфиналето, откако претходно ги елиминиравме екипите на Љубанци и Шкупи. Посебно слатка беше одмаздата за елиминацијата на тимот од Чаир, кој минатата сезона ни ја скрати можноста да играме во големото финале. Овој пат нашие младинци не дозволија такво нешто и во два меча “експресно“ го елиминираа Шкупи од купот.

1/8  Љубанци- Вардар  0:1

1/4 Шкупи- Вардар 1:2

1/4 Вардар- Шкупи 4:1

Што се однесува до најефикасните играчи во младинскиот состав и оваа сезона главниот збор го имаат триото Димков- Даци и Беќири. Виктор Димков е најдобар стрелец во двете натпреварувања со вкупно 8 постигнати голови.

1. Виктор Димков 8 ( 4 првенство, 4-куп)

2. Ердон Даци  7 ( сите во првенството)

3. Јасир Беќири 7 ( 6 првенство, 1-куп)

4. Кристијан Апостоловски 4 ( 3 првенство, 1-куп)

5. Андреј Ричков и Есмин Личина по 1 постигнат гол.

Најголем дел од нашите младинци го понесоа товарот и во Б-лигата, каде тренерот Марковски им даваше шанса за докажување со неколку играчи од кадетскиот состав. Моментално се наоѓаат на заслужен одмор, додека првиот собир во новата година ќе биде на 20-ти јануари.