Одлична вест денеска ни пристигна од Вардаровата фб страна ”Црвено – Црно Семејство” Најдобриот играч на ФК Вардар оваа полусезона, бразилскиот интернационален Фелипе ја продолжи верноста кон црвено – црните бои. Како што е добро познато Фелипе дојде ова лето од Бугарија и потпиша едногодишен договор.
Исто така, како што пренесува ”Црвено – Црно Семејство” верноста кон ФК Вардар ја продолжил и ерменскиот играч Артак Дашјан. Ова се одлични два нови потега на управата на клубот. Предходно нов договор со ФК Вардар потпиша и Хофханес Хамбарџумјан.