Од женскиот ракометен колектив ги известуваат сите ракометни фанови, кои сакаат да го бодрат Вардар во првиот натпревар во главната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите дека од денес (четврток, 24 декември) ќе бидат пуштени во продажба билетите за мечот со ЦСМ Букурешт. Во продолжение клубот ги наведува износот, продажните места и други детали за набавка на билетите:
- Натпреварот меѓу ЖРК Вардар и ЦСМ Букурешт ќе биде прв од главната фаза во ЛШ и ќе се игра на 9 јануари, во 17:30 часот. Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, од 10 до 18 часот и онлајн на ticketplus.mk.
Цените на билетите се следните:
- Трибини – 180 МКД
ВИП Зони – 400 МКД
ВИП Соби – 1000 МКД