Позитивните впечатоци од “Вардар Јуниор“ лигата продолжуваат и понатаму. Сите учесници во оваа лига ги искажуваат своите задоволства од можноста да се натпреваруваат во еден циклус на натпревари, кои се играат секој викенд во спортските сали Јане Сандански и Кале. Една од екипите која е дел од оваа лига е Рк Кастратовиќ, која ја предводи тренерот Здравка Дамовска.
-Оваа лига е предизвик за секој играч што учествува во неа и воопшто што тренира. Ние што сме децата имаме можност да се запознаеме да се дружиме меѓу себе, да се развиваме по правилен пат и секако да се подобриме во секој поглед од играта т.е да бидеме психички подготвени за поразите, но секако да се трудиме и секој нареден натпревар да го победиме.Во лигата учествуваат деца кои што се од секој дел од Македонија (каде што секако Рк Вардар има ракометни училишта) и секако тоа е голема можност за секој да се докаже и да го даде максималното од себе.
Викторија е задоволна од постигнатите резултати на својата екипа, во првите неколку одиграни кола.
Лигата е добро организирана. Јас со мојот тим Р.К Кастратовиќ 02 досега постигнавме две победи со што овозможивме понатамошно учествување во лигата. Засега сум многу задоволна од резултати затоа што сме први на табелата, но секако не смееме да се опуштиме, туку да се трудиме да постигнеме и поголеми успеси. Оваа лига е секако и во секој поглед предизвик за секој играч,тој што ќе се труди за да успее ќе биде награден, секако со тоа што ќе има можност да продолжи со тренинзите во младински клубови каде што и од таму може да се напредне.
Желбата еден ден да се облече црвено-црниот дрес е голема, од тука произлегува напорната работа и труд кој секој учесник во “Јуниор лигата“ треба да го изнесе.
Секој играч треба да даде максиум за тоа да не ја гледа како 60 минутна игра во која се трча, туку да се бори до крајот и секако на крајот подобриот нека победи. Со нашиот тим секојдневно имаме тренинзи и се трудиме сите наши недостатоци да ги поправиме. Секако се надевам, како и секој дека ќе успееме во нашата цел и дека еден ден ќе станеме познати ракометарки, изјави Викторија Димитриевска за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски