Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Трофеј Белград“ е следниот предизвик за младинките на Жрк Вардар
“Трофеј Белград“ е следниот предизвик за младинките на Жрк Вардар

“Трофеј Белград“ е следниот предизвик за младинките на Жрк Вардар

Во периодот од 28-30-ти декември во главниот град на Србија, ќе се одигра меѓународен младински турнир “Трофеј Белград“ за генерации родени 1998 и 2000 година. Учество ќе заземе и младинскиот состав на Жрк Вардар, предводен од тренерот Билјана Пецевска.

Нашите девојки се наоѓаат во групата Б заедно со екипите на Авала ( Врчин) , Извор (Аранѓеловац) и Срем ( Сремска Митровица). Во групата А се екипите на Вождовац 1955 (Белград), Јуниор (Белград) и Раднички (Крагуевац).

Распоредот на одигрување натпревари во групната фаза за младинките на Вардар:

1 коло: Вардар – Срем ( понеделник 11:10 часот)

2 коло: Вардар- Авала ( понеделник  16:10 )

3 коло: Вардар – Извор ( вторник  10:40 ).

Натпреварите ќе се играат во две полувремиња, по вкупно 20 минути. Одморот помеѓу двете полувремиња ќе трае 3 минути. Во вторник ќе се играат полуфиналните дуели, додека во среда е големото финале и разигрувањето за пласман на останатите позиции. Ќе се доделуваат награди за најдобар стрелец, играч и голман.

Тренерот Билјана Пецевска се одлучи за следниов состав: Нина Ладева, Олгица Костовска, Габриела Џини, Анастасија Николовска, Александра Вељановска, Ивана Стојмановска, Ивана Божиноска, Ана Иванова, Тина Тодоровска, Ангела Карчева, Сашка Филиповска, Моника Георгиевска, Ана Станиќевска, Матеа Спасовска, Анастасија Тодоровска, Сандра Стамова, Габриела Костадиновска, Теодора Колевска.

Екипата ќе биде засилена со голманката Нина Ладева и Габриела Џини, кои настапуваат за Жрк Вардар Јуниор во супер лигата. Јована Мицевска која брани за малдинките во првенството, на овој турнир ќе го брани голот на кадетскиот тим предводен од Анжела Платон. Нашите младинки ќе бидат сместени во хотелот “Балашевиќ“ и ќе бидат присутни на свеченото отварање. Натпреварите ќе се играат во четири различни сали.