Со одлука на извршниот комитет на Федерацијата за борење на Дагестан, вардаровиот тренер, Гајдар Гаjдаров беше назначен за вршител на должноста претседател на оваа организација. Голема чест е за црвено-црниот тим што нивниот тренер ќе ја предводи една од најсилните федерации за борење во Руската држава и во светот воопшто. Гајдаров досега беше главен тренер на Дагестанската репрезенација. Од тимот на БК Вардар и редакцијата на Вардар фанс упатуваме честитки до големиот спортист и стучен тренер, а и сега фунционер во борењето.
- Да се води водечката спортска федерација во републиката, е голема одговорност,. – Борењето во слободен стил за Дагестан е спортот со најмногу освоени медали, отсекогаш бил ваков, но нашите борачи се претставија особено успешно во последните неколку години, а нашата задача е да зачуваме и да зголемиме сè што постигнавме неодамна. Би сакал да им се заблагодарам на членовите на извршниот комитет на федерацијата и лично на Сажид Сажидов за довербата, и од моја страна ќе се обидам да направам сè за да ја оправдам- изјави Гајдаров за веб-страницата wrestdag.ru