Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Реми за младинците, пораз за кадети на ФК Вардар во Прилеп
Реми за младинците, пораз за кадети на ФК Вардар во Прилеп

Реми за младинците, пораз за кадети на ФК Вардар во Прилеп

Денес во Прилеп, кадетите и младинците на ФК Вардар ги одиграа одложените натпревари од 11 коло.

Кадетите за жал го загубија натпреварот од екипата на Победа. Само еден гол го реши натпреварот, истиот го постигнаа домаќините во 58 минута од дуелот.

Вардар: Стојковски, Јовановски, Давков, Ѓорѓиевски, Сељанац, Живков, Давидовски (К), Г.Стојановски, Мирков, Тасевски, Трпезановски. 

Во игра влегоа и С.Стојановски, Ричков и Перковски.

 Младинците на црвено-црните одиграа реми во Прилеп. Оваа средба заврши со резултатска симетрија, резултатот по 90.минути фудбал беше 1-1(1-1).

Вардар успеа прв да го отвори резултатот со голот на Алек Саит во 24 минута, но Победа до крајот на првиот дел го врати голот и израмни на 1:1. Во вториот дел немаше погодоци оа двата тима одиграа реми.

Вардар: Јовчев, Асани, Шабани, Илиев, Саит, Гугуљанов (К), Ибраим, Исени, Салиу, Марковски, Петејчук.