Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар го „впиша“ и Спартак во списокот, Грујовска и Трпевска двоцифрени
Вардар го „впиша“ и Спартак во списокот, Грујовска и Трпевска двоцифрени

Вардар го „впиша“ и Спартак во списокот, Грујовска и Трпевска двоцифрени

ЖРК Вардар реди успеси во 2021, дојде до четири победи на четири официјални дуели оваа ракометна пролет. Денес го пречекавме „жилавиот“, засилениот и борбен тим на Спартак од Кисела Вода. Оваа средба ја добивме со резултат 31-22 (15-11).

167268542_289601389459502_1600997979544348298_n 167800389_289601279459513_3547129041137926044_n

Дуелот започна со водство на гостинките (0-1), ние веднаш вративме преку капитенот Диневска од пенал. Се играше гол за гол се до 7.минута кога на семафорот беше 4-4, спартанки првпат се одлепија со два врзани гола. Гроздановска, екс вардарката погоди за 4-6 во 8.минута. Веднаш се смени ритамот на нашата игра, ова ни дојде како шок. Трпевска за 60.секнуди со продори изедначи (6-6) потоа ние бевме во налет. Со серија 7-0 во 16.минута направиме пресврт и поведовме со 11-6 преку Трпевска од пенал.

167658772_289601539459487_2476081472351423841_n

Трајкоска на нашиот гол беше совладана по 10 минути, кога исто така поранешната вардарка, Коларовска стрелаше за 11-7 во 17.минута. Ние не ја испуштавме предноста, во одбаната игравме цврсто, Џатевска и Дамјаноска кои добија по две исклучувања беа одлични и сурови препреки за ривалот. Во нападот голем придонес даде младата Коцева, константната Трпевска и полетната Миновска. Трпевска имаше шест гола во овој период, 7.одбрани впиша Трајкоска. На одмор заминавме со предност од 15-11.

167455004_289601206126187_5300841118993113073_n 167417533_289601322792842_3614927805828573922_n
Ривалот се закани во вториот дел, намали на 17-14 и имаше напад за преполовување на нашата предност од првите 30.минути . На нашиот гол нововлезената Грујовска Симона имаше одбрана, а во напад најмалата во тимот, Сара Стефаноска погоди за 18-14. Противникот се реши за „фластер“ на Галевска, но Ристова и Царчев одговорија со напади 7 на 6 што е новина во нашата игра. По половина полувреме имавме пет позитива, Грујовска одбрани по брза трансформација атрактивно погоди Миновска Сара за 22-17. Спартак денес играше доста борбен дуел постојано се обидуваше да се врати во игра, во 49.минута имаат три негатива 23-20 и напаѓаа да дојдат на два. Од тој момент до крајот вардар покажа шампионско лице, направиме серија која донесе шест гола повеќе. Одбраната беше на ниво, Грујовска за 11 минути прими само два гола, таа денес беше одлична и двоцифрена, во нападот бевме одлични па победивме со девет гола повеќе. Конечните 31-22 ги постави Дамјаноска Катерина со пожртвуан пад покрај два чувара на 4.секунди до крајот.

167182071_289601302792844_7915017027861226162_n 167203169_289601316126176_7924880995496079563_n
По подолго време имаме две двоцифрени девојки, Трпевска Ивона постигна 10 гола. таа цела пролет е прв стрелец, денес имаше одлични 85% ефикасност во нападот. Симона Грујовска исто така блесна, бранеше во 2.полувреме и сопре 11 топки. Денес имаше високи 50% сопрени удари (11/22). Во првиот дел Трајкоска Јована впиша 7ца зад своето име, по четири гола имаа: Дамјановска Катерина (80% ), Диневска Бојана и кадетката Коцева Бојана, „тројки“ впишаа имењачките Сара Миновска и Стефаноска Сара.

Кај противникот Коларовска Аба Марија погоди девет пати.

167322529_289601516126156_6903394520780350926_n 167343633_289601379459503_2046038726687866092_n

167159226_289601522792822_5450482158995888459_n 167219760_289601812792793_1686311334041198161_n