Вардаровиот борач, Нуров е во Кисловодск на завршни подготовки пред „Европските игри“ во Минск-Белорусија. Стандардно знаејќи го неговиот квалитет тој е еден од главните македонски претенденти за висок пласман на овој собир.
Тренерот Гајдар Гајдаров до претседателот на БК Вардар, професорот Љубиша Пешко поднесе извештај како течат подготовките. Нуров одлично ги извршува зададените задачи од тренерот, воедно она што радува покажува висок степен на утренираност. Големи и реални се шансите да се закити со медал.