Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Slider > Турнирот во Сараево е следен предизвик за пом.пионери на ФК Вардар, каде ќе се натпреваруваат со генерациски повозрасни екипи
Турнирот во Сараево е следен предизвик за пом.пионери на ФК Вардар, каде ќе се натпреваруваат со генерациски повозрасни екипи

Турнирот во Сараево е следен предизвик за пом.пионери на ФК Вардар, каде ќе се натпреваруваат со генерациски повозрасни екипи

Помладите пионери на ФК Вардар во периодот од 13-16.јуни ќе бидат дел од осмото издание на меѓународниот турнир “Играј фудбал, живеј живот“ кој ќе се одржи во главниот град Сараево, а мечевите ќе се играат на стадионот Оток и спортскиот центар “Сафет Зајко“.  Се очекува учество да земат околу 200 млади играчи, а мечевите ќе бидат директно пренесувани на каналите на Спорт Клуб.

Покрај Вардар на турнирот ќе се натпреваруваат и екипите на МТК ( Унгарија), Локомотив Пловдив ( Бугарија), Локомотива Загреб ( Хрватска) Црвена Ѕвезда ( Србија), Мура ( Словенија), како и екипите на Железничар и Сараево ( БИХ). Мора да напомене дека турнирот е за екипи кои ги сочинуваат играчи кои се родени 2002 година, додека Вардар ќе настапи со генерацијата 2003 која оваа сезона успеа да ја освои двојната круна во Македонија. Црвено-црните ќе бидат во група со екипите на Сараево, МТК и Локомотива Загреб. Само првопласираните од двете групи ќе играат во големото финале на турнирот, додека второпласираните ќе се борат за третото место.

Екипата на турнирот ќе биде предводена од Филип Деспотовски, кој беше на чело на помладите пионери оваа сезона, кои напоменавме дека успеаа да станат шампиони на Македонија и да го освојат националниот куп. Настапите на турнирот ги започнуваме на 13-ти јуни ( четврток), токму против домашната екипа на Сараево, меч кој ќе започне од 11:00 часот.

Инаку, актуелен освојувач на турнирот е токму Вардар, кој успеа минатата година да го освои првото место под водство на Томче Трајановски. Тогаш во големото финале ја победивме екипата на Будуќност (2:0). По два освоени трофеи на турнирот имаат екипите на Сараево и Железничар, додека покрај Вардар турниров успеале да го освојуваат и екипите на Рад и Црвена Ѕвезда.