Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Влатко Гиевски: Вардар е клуб кој не се одбива, се надевам на одлична сезона
Куглање! Влатко Гиевски:  Вардар е клуб кој не се одбива, се надевам на одлична сезона

Куглање! Влатко Гиевски: Вардар е клуб кој не се одбива, се надевам на одлична сезона

Кугларскиот клуб Вардар пред неколку дена доби  нов играч, станува збор за Влатко Гиевски. Тој е 33 годишен играч кој се реактивира во овој спорт. Новајлијата во нашите редови има играно за КК Работнички во неговите најдобри сезони во мак.куглањето, тој настапувал за црвено-белите кога тренер на тимот беше Драги Димитровски актуелниот кормилар на црвено-црниот кугларски тим. Гиевски беше првак на Република Македонија своевремено во јуниорска категорија, станува збор за квалитетен и стабилен куглар. Редакцијата на Вардар фанс веднаш го исконтактира и разговаравме како тоа се одлучи да се врати во куглањето, зашто баш Вардар е негов избор, тој за нашиот сајт вели:

20614639_10154653613951791_718463901_n

Mорам да почнам со тоа дека- Вардар е клуб кој не се одбива.  Најпрвин за моето доаѓање во вардаровиот тим ме исконтактира потпреседетелот и играч Дарко Димитровски, најпрвин се подразмислив бидејќи извесно време бев надвор од овој спорт. Куглањето е во мојата крв, иако долго не го практикував овој спорт. Потоа следеше разговор со тренерот Драги Димитровски, едноставно одлуката беше лесна, се одлучив, ќе настапувавм за Вардар. Вардар е македонски бренд, тоа е тим кој цели високи што се поклопува со моите амбиции за идната сезона.  Се надевам на успеси, и желба ми е конечно да го тргнеме Макпетрол од тронот, НАПРЕД ВАРДАР.