Во текот на вчерашниот ден пионерите на фудбалскиот клуб Вардар го одбранија трофејот на силниот меѓународен турнир “Скопје куп„. Вардарци на теренот на ФК Локомотива во големото финале беа подобри од екипата на Сесвете од Хрватска, со резултат 3:0. За најдобар играч на турнирот е прогласен вардарецот Марио Илиевски.
