Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Елена Благоевска- На мечевите од “Јуниор лигата“ ги покажуваме своите способности и талент
Елена Благоевска- На мечевите од “Јуниор лигата“ ги покажуваме  своите способности и талент

Елена Благоевска- На мечевите од “Јуниор лигата“ ги покажуваме своите способности и талент

Зад нас е втората сезона на ракометната вардарова “Јуниор“ лига, која и оваа сезона беше успешно реализирана. Кај девојките во генерацијата родени 2002/2003 екипата на РК Делчево Вардар беше “двојно сребрен“ тим. Тие во лигата и зимскиот турнир во својата категорија дојдоа до сребрените медели. Разговараме со  Елена Благоевска, голманот на делчевки која е една од најдобрите поединци во оваа генерација во својот тим. Ве запознаваме со нејзините почетоци како ракометарка во продолжение.
-Јас се занимавам со ракометот скоро четири години, во мојата екипа јас сум на  голманска позиција. Почнав со ракометот и се уште  тренирам во ракометниот клуб Делчево Вардар. Во оваа екипа мој тренер ми е Горан Велков.  Се надевам дека и понатака со успех ќе настапувам токму за оваа екипа.
.
Девојките од делчевската вардарова регионална школа заедно со  Елена  се дел од Јуниор лигата, голем проект што овозможува натпревар помеѓу регионалните школи на црвено-црните. Како таа го оценува овој мега проект на ракометниот клуб Вардар дознаваме во продолжение.
99
-За проектот на РК Вардар, “Јуниор лига„ мислам дека е многу успешен бидејќи ние со тие мечеви можевме да си ги покажеме своите способности и таленти и со тоа ние се натпреварувавме со другите екипи.  Ние во “Јуниор лигата“ бевме второ место бидејки самите правевме многу грешки, а не дека другата екипа беше појака од нас. Ние како тим сме сложни и можеме многу убаво да изиграме меч, но ние многу брзавме и имавме грешки и со тоа им дававме предност на другата екипа и тие не победија. Исто така и на зимскиот турнир ние имавме добри натпревари и многу лесно ги победувавме спротивните екипи и со многу гол разлик, но во финалето ние исто така многу избрзавме и при крајот од брзање и многу притисок ја загубивме шансата за 1-во место, а можевме да победиме.
.
Елена со своите колешки одигра навистина добра сезона, тие имаа одлични натпревари постојано атакувајќи на самиот врв во двете натпреварувања. Сепак на крајот мораа да се задоволат со сребро, но и тоа е голем успех за оваа млада ракометна вардарова екипа.
778
-Од ракометот научив многу работи во секоја игра има и радост, но има и тага бидејќи тоа што сака да го постигнеш и си се борел за тоа и на крај некој ти го зел е многу тажно и сите бевме разочарани, но и ние самите бевме свесни и си ги пронајдовме грешките.  Поразите нема да не спречи да одиме напред, ние имаме многу добра екипа и можеме да постигнеме  многу, бидејки сите имаме талент. Имаме и добар тренер кој гледа да го извлече најдоброто од нас и да се докажеме, ние со тој пораз што го имавме од тоа си ги научивме своите грешки за во иднина да не се повторуваат.  Јас ракометот го сакам како спорт, бидејки ти дава многу препреки и тие препреки треба да се снајдеш и да ги  ги поминеш,  да одиш нагоре и нагоре се додека не стигнеш до целта и јас ке се занимавам со ракометот и со мојот клуб се додека можам.

 Михајло Тушевски