Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > “Магнет„ за трофеи, Сашо Тодоровски за три години освои шест трофеи со пионерите на ФК Вардар
“Магнет„ за трофеи, Сашо Тодоровски за три години освои шест трофеи со пионерите на ФК Вардар

“Магнет„ за трофеи, Сашо Тодоровски за три години освои шест трофеи со пионерите на ФК Вардар

Сашо Тодоровски или Рап – Тап е магнет за трофеи. Од вчера неговата колекција е побогата за уште трофеј и тоа од силниот меѓународен турнир “Скопје куп“, кој четврта година по ред се организираше од страна на градот Скопје и фудбалската федерација на Македонија. Во конкуренција на осум екипи, во возрасната генерација родени 2000/01 година, нашите млади надежи предводени од искусниот стратег стигнаа до златниот медал на овој турнир. Тодоровски може да се пофали со фактот дека и втора година по ред го освојува и го одбрани трофејот на овој турнир. Само да потсетиме дека и минатата година, но тогаш со генерацијата родени “2000“ година стана освојувач на “Скопје куп„ и тоа со триумф против екипата на Сесвете, со која играше и во вчерашното финале.

23

Оваа сезона ја превзема помладата генерација родени “2001“ година, иако кратко работи со нив не му претставуваше проблем веднаш уште на стартот на сезоната да освои трофеј, иако доволно добро ја познава од претходните две години, со оглед дека го следеше секој нивни натпревар. Успехот се препишува и на неговиот помошник од клупата, или тренерот на голманите Љупчо Кметовски кој во сенка го следи на секој меч популарниот Рап-Тап. За три години заедно на клупата на пионерите, двајцата заедно освоија шест трофеи. Три се од купот на Македонија, два од турнирот “Скопје куп„ и еден од националното првенство.