Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Покрај работа, и рекреација на европските шампиони во Крањска Гора

Покрај работа, и рекреација на европските шампиони во Крањска Гора

vardarfans-stoilov

Ракометарите на Вардар веќе четврти ден се наоѓаат во Крањска Гора, каде го одработуваат главниот дел од подготовките пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. На ова висинско место во Словенија се работи на физичка подготовка а покрај тоа се тренира и во сала, каде се воигрува екипата. На својот фб профил, капитенот Стоилов постави фотографија со дел од неговите соиграчи.

Во Крањска Гора се останува до 10-ти август, кога Европскиот шампион ќе замине за Германија, каде ќе го одигра првиот контролен натпревар. Веќе следниот ден не очекува и првиот меч, против екипата на Рајн-Некар, во рамките на турнирот кој го организира Гумерсбах.