Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (Фотогалерија) Голем успех на младите вардарци на турнирот во Белград, БК Вардар со најдобар борач на настанот и пет медали
(Фотогалерија) Голем успех на младите вардарци на турнирот во Белград,  БК Вардар со најдобар борач на настанот и пет медали

(Фотогалерија) Голем успех на младите вардарци на турнирот во Белград, БК Вардар со најдобар борач на настанот и пет медали

Mладите вардарци изминатата недела беа на турнирот во Белград, каде земаа учество на традиционален меѓународен боречки турнир, “Победник-2017“.   Тоа беше турнир во слободен стил  за пионери и кадети на кој учестуваа дури 150 борачи од Шветска, Иран, Грција, Словачка, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и домаќинот Србија.  Младите вардарци  покажаа дека се одлично подготвени, тие освоиа три злата и по едно сребро и бронза на овој силен турнир.

Со златен медал се закитија: Марија Неделковска (46кг), Идрис Идар (54кг) и Рамазан Гаџиханов(63кг).  До сребро дојде Марија Спировска (40кг), а со брозна се закити Стефан Димчевски (74кг). За најдобра екипа беше прогласена екипата на Иран, а нашиот кадет, вардарецот  Рамазан Гаџиханов беше избран и награден како најдобар борач на турнирот.  Тој беше доминантен и сите четири борби, истите  ги доби супериорно со  “технички туш“. Во продолжение неколку фотографии од настанот.

c c2 c3 c4 c5 c6 c7 c8 c13 c12 c11 c10 c9 c14 c15 c16 c17 c18 c19