Годината која истекува ќе остане запишана во историјата на клубот со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа. Црвено-црните беа дел од групата „Л“ со екипите на Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг. Групата заврши со лидерска позиција за Зенит, втор беше шпански Реал Сосиедад, на третата позиција Розенборг, на четвртото место Вардар.
На двата натпревари со Розенборг, Вардар доминираше со играта и со статистиката. Вака изгледа вкупната тимска статистика на „црвено-црните“ во шесте натпревари од Лигата на Европа:
ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ: 3
ПРИМЕНИ ГОЛОВИ: 20
УПАТЕНИ УДАРИ: 59
УПАТЕНИ УДАРИ ВО РАМКИ НА ГОЛ: 27
УПАТЕНИ УДАРИ ВО РАМКИ НА ГОЛОТ НА ВАРДАР: 36
КОРНЕРИ: 22
ВКУПНО ДОДАВАЊА: 2457
ТОЧНИ ДОДАВАЊА: 2092
ТОЧНОСТ НА ДОДАВАЊА: 83%
ПОСЕД НА ТОПКА: 41%
ОДБРАНИ НА ГОЛМАН: 16
ОДЗЕМЕНИ ТОПКИ: 189
НАПРАВЕНИ ПРЕКРШОЦИ: 55
НАПРАВЕНИ ПРЕКРШОЦИ НАД ИГРАЧИТЕ НА ВАРДАР: 77
ЖОЛТИ/ЦРВЕНИ КАРТОНИ: 11/0