Раководството на ОК Вардар доведе мега засилување во борба за титулата, нов играч на “црвено – црните” е Марко Стошиќ. Стошиќ треба да биде од огромна помош за Вардарци во борба за највисок пласман оваа сезона.
Вардарци на својата фејсбук-страница напишаа:
По 6те сезони поминати во Катарска Ал Вакра, Крка – Словенија и Weiz – Австрија успеавме во зимскиот преоден рок да го доведеме Марко и вистински да го подигнеме нивото на организација нашата игра.
Покрај доведувањето на најквалитетен техничар, реализиран е и уште еден ”историски” трансфер за Вардар и доведување на играч кој е вистинска легенда на Македонската одбојка. Следуваат повеќе детали на нашата прва прес-конференција.
Во Скопје мириса на пролет, а оваа пролет време е да се подигнат двата пехари во салата Градски Парк.
НАПРЕД ВАРДАР !!!!