Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор поразен од лидерот во супер-лигата, Пелистер ги однесе бодовите од Кале во дуелот со младиот состав на црвено-црните
Вардар Јуниор поразен од лидерот во супер-лигата, Пелистер ги однесе бодовите од Кале во дуелот со младиот состав на црвено-црните

Вардар Јуниор поразен од лидерот во супер-лигата, Пелистер ги однесе бодовите од Кале во дуелот со младиот состав на црвено-црните

Младиот состав на Вардар Јуниор со пораз го стартуваше пролетниот дел од сезоната во најсилната супер лига, откако вечерва на Кале беше поразен од лидерот, тимот на Пелистер. Натпреварот се одигра на Кале и заврши со триумф на битолчани, со резултат 25:32.

Избраниците на Стојан Петрушевски добро влегоа во натпреварот кога имаа почетна предност, но дозволија во наредниот период, екипата од Битола да направи серија од некоку погодоци и да го превземе водството, која во тие моменти изнесуваше пет голови разлика. Борбеноста беше одлика главна која го красеше Вардар Јуниор на овој натпревар, кој успева најпрво да намали на три гола негатива, а до крајот на полувремето да воспостави резултатска рамнотежа и на одмор да заминат со достижна негатива од 12:14.

Младоста и неискуството се главен проблем кај младите Вардар, кои немаат сили да им парираат на противниците во текот на сите 60 минути. Пелистер многу брзо во вториот дел ја врати својата најголема предност од пет голови разлика, која се покажа на крајот како решавачка за победата. Во најголем дел од вториот дел имаа водство кое се движеше од 5-7 голови, кои не им беа проблем да ги задржат до самиот крај на овој интересен дуел. На крајот триумф за лиерот во супер лигата, екипата на Пелистер, изразена со резултат 25:32. Ова беше вкупно 13-ти триумф за Пелистер, а за Вардар Јуниор 12-ти пораз, со кој остана на последното место на табелата.

Нема што да им се замери на нашите момчиња, сепак Вардар Јуниор настапува со најмлад состав и ова за нив претставува големо искуство и предизвик да се носат со другите екипи. Најефикасен во нашиот состав, бепе десниот бек, Стефан Трпчевски со 7 постигнати голови.

Вардар Јуниор: Кизиќ, Петковски, Димов 3, Ангелковски, Чакалиќ, Крстевски 2, Анастасовски 3, Мишевски 8, Трајковски, Карапалевски, Трпчевски 7, Николовски, Димитровски, Гашоски, Кукуловски 2, Атанасовски.