Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар гостува в Битола кај екипата на Хераклеа
КУГЛАЊЕ! Вардар гостува в Битола кај екипата на Хераклеа

КУГЛАЊЕ! Вардар гостува в Битола кај екипата на Хераклеа

Викендов на програмата во Македонската кугларска лига е треттото првенствено коло во сезоната 2016/2017 година. Во истото избраниците на Драги Димитровски ќе гостуваат, ова е наше второ гостување по ред откако во минатото коло гостувавме кај екипата на КК ГТЦ Мусанадра.

Во ова третто коло ние сме гости кај екипата на КК Хераклеа. Мечот ќе се игра во градот Битола од каде е овој македонски кугларски колектив. Дуелот е закажан за на 29-ти октомври, во сабота. Истиот ќе се одигра со почеток во 11-00 часот. Вардар е голем фаворит на дуелот, ние во досегашните две кола со една победа и еден пораз сме со идентичен скор како и битолчани во воведните две кола. Екипата на Херклеа е наш “пациент“ од минатата сезона кога го добивме во МКЛ во двата дуеали (дома-гости), а и ги исфрливме и во двомечот од Купот на Македонија.  Кугларницата во Битола е тежок терен за настап,  таа е позната по својата тежина за постигнување врвни резулати поради лошата состојба на истата. Во ова коло уште се сретнуваат :

КК Империл Тобако- КК 18 Август и

КК ГТЦ Мусандра -КК Макпетрол