Friday ,11 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Селекцијата на топлички регион од Србија “лесен плен“ за пионерите на ФК Вардар во контролниот дуел
Селекцијата на топлички регион од Србија “лесен плен“ за пионерите на ФК Вардар во контролниот дуел

Селекцијата на топлички регион од Србија “лесен плен“ за пионерите на ФК Вардар во контролниот дуел

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар вчера  на теренот на  Академија на ФК Вардар во градски парк , одиграа “контролна“ средба со  селекција на врсниците од т.н топлички регион од Србија. Нашите момци кој се носители на “ двојната круна“ во пионерската конкуренција во Македонија лесно се справија со екипата од нашиот северен сосед Србија  и однесоа триумф  со резултат 4:1.

Мечот го стартувавме со Денковски на голот, потоа: Рамиќ, Каркалашев-Трајковски, Пешевски, Ѓорѓиевски, Стојчевски, Дарлишта, Адем, Благоевиќ, Бериша, Калчиновски. Играа уште и :Рамадан, Спасиќ, Ристовски, Стојановски, Филипоски, Рајатоски, Богдановски, Шахини, Николов, Астарџиев, Манасиевски.

Првиот дел почна со целосна доминација на црвено-црните пионери кои покажаа дека се класа разлика во однос на Селекцијата на  топлички регион од Србија. Победата беше обезбенедена уште по крајот на првиот дел кога на одмор се замина со високи 4-0. Еден погодок постигна Кренар Дарлишта. Јакуп Бериша стрелаше исто така еднаш во мрежата на гостите од Србија во првиот дел.  Стрелецот кој стрелаше и на последното првенствено коло со Металург,  Милан Благојевиќ повторно беше во елемент. Благојевиќ двапати ја погоди мрежата на нашиот противник во овој меѓународен пријателски дуел.
Во вториот дел трнерот Сашо Тодоровски даде шанса на целиот ростер, кој ги замени момците кои го почнаа овој дуел. Нашата победа беше осигурана уште по крајот на првиот дел. Гостите единствено што можеа и успеаа да направат на оваа контролна средба е постигнување на почесен погодок во вториот дел. Играчот на Селекцијата на  топлички регион од Србија,  Несторовиќ беше стрелец на погодокот за 4-1, гол кој се покажа како последен и со овој резултат заврши оваа контролка која донесе шанса за нашиот  тренер да испроба неколку тактички варијанти, да им даде прилика на поголем дел од неговите играчи да одиграат еден меѓународен фудбалски натпревар. Треба да се напомене дека во нашиот состав фалеа и тројцата репрезентативци на Македонија У-17 кои играат квалификации со нашата селекција за Европското Првенство. Со селекцијата се голманот Методија Велковски, напаѓачот Саид Битиќи и играчот од одбраната Филип Антовски.