Вчера во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар се сретнаа екипите на КК Вардар кој беше домаќин, и условно “гостинот“ кугларскиот клуб ГТЦ Мусандра. Во дербито за втората позиција во кое со по осум бода вледоа двете екипи поуспешен заслужено беше тимот на КК ГТЦ. Тој однесе победа над црвено-црните во овој дуел и ја презема втората позиција од нас.
Вардарци врзаа два пораза по ред по оној минатото коло со Макпетрол и овој денес, ова е првпат да известуваме за два нивни последователни порази од како го следиме овој клуб, речиси две години наназад. Проблемите за нас почнаа уште на почетокот бидејќи Миле Димковски, и браќата Дарко и Димитар мораа да стартуваат повредени на овој дуел. Нашиот противник го доби дуелот со 2-6 во поени, во сетови резултатот беше 10:14. Ние соборивме 3184“дрва“ , апак гостинот победи со предност од 162 “соборени дрва“ односно имаше скор од 3346. Кај нас одличен беше Младен Донковски кој собори 566 (362 полни+ 204 чистење, без ниту едно промашување победи со 4:0 против Менсур Ајдин. Одличен беше и Димитар Димитровски кој одигра со повреда, па мораше да биде заменет од Влатко Стојановски, така и овој “пар“ триумфираше со 4-0 и дојде до поен со 544 “соборени дрва“. Искусниот Миле Димковски покрај што настапи повреден собори 566, сепак он не впиша поен бидејќи против себе го имаше најдобриот противнички играч Лазе Анастасов. Дарко Димитровски имаше скор веднаш по нив, тој собори 520 “дрва“, Поп Крстев имаше 498, а Митиќ Бранко и Коста Ристовски заедно имаа 490 “дрва“.
Пред сениорите настапија и двајцата јуниори на Вардар, тие ја забележаа втората победа во вториот меч за нив во лигата. Во првиот однесоа победа со 4-0 над врсниците од шампионот Макпетрол. вчера триумфираа над КК ГТЦ Мусандра со 3:1 (4,5:3,5; 637:627).