Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ниту седум голови на Циндриќ не беа доволни за бронзен медал, Словенија се врати од осум гола негатива и го освои третото место

Ниту седум голови на Циндриќ не беа доволни за бронзен медал, Словенија се врати од осум гола негатива и го освои третото место

Репрезентцијата на Словенија го освои брозениот медал на светското првенство во Франција, откако во малото финале беше подобра од Хрватска, совладувајќи ја со резултат 31:30.

Хрвтска уште еднаш пропушти победа, но овој пат уште посигурна бидејќи имаа седум гола преднсот на десет минути пред крајот. Во првите шест минути. избраниците на Вујовиќ беа во предност од 2:3, за Хрватска да постигне три последователни голови и речиси до последните две минути од мечот да има постојана предност. Имаа избраниците на Бабиќ водство од 7:3 и 12:8, а оваа разлика беше зголемена на пет гола до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 18:13.

Во второто полувреме продолжи добрата игра на Хрватска, кои само го зголемуваа водството и во еден момент имаа убедливи 22:15. Кога резултатот беше 26:19 сите помислија дека Хрватска рутински ќе го приведе крајот на натпреварот, но не мислеа така и Словенците, кои полека но сигурно ја топеа предноста на Хрватска. При резулат 29:24, Словенија прави серија од 0:5 и го израмнува резултатот на 29:29. По подолго време гол псотигнува Шебетиќ за водство на Хрватска од 30:29, но веднаш на спротивната страна враќа Блаж Јанц. Хрватска не искористува нов напад, а тоа го казнува Машковчек кој ја носи Словенија во водство од 30:31. Имаше Хрватска последен напад и повеќе од 30 секунди да направи акција за гол, но не само што не постигнаа туку не успеаа ниту да упат удар кон голот на Скок. На крајот конечни 30:31 за Словенија, што значеше освојување на третото место.

Циндриќ повторно беше на своето ниво и со 7 голови беше најдобар стрелец на натпреварот, но неговите голови се покажаа како недоволни за победа. Денес е последен ден на мундијалот, каде на програмата е големото финале помеѓу Франција и Норвешка.