Викендов на програмата е новото третто коло од 3.круг во Македонксата кугларска лига, или 13.коло во сезоната 2016/2017 година. Во истото црвено-црниот кугларски колектив е домаќин на екипата на КК ГТЦ Мусандра. Двата тима во моментот имаат по еднаков број бодови, односно освоиа по 16 досега.
Овој дуел е “дерби за вицешампионската позиција“ која е цел на двата кугларски тима. Дербито ќе го даде тимот кој ќе заврши на 2.место зад шампионот КК Макпетрол кој веќе ја има “впишано“ титулата за оваа сезона. Мечот е пресуден за избраниците на Драги Димитровски да го повторат успехот од изминатите две години кога завршија втори, и победа во истиот ќе биде исполнување на зацртаната цел за оваа сезона во лигата. Викенов што зад нас, во меч во рамки на 12.коло Вардар гостуваше во Битола кај екипата на КК Хераклеа. Вардарци беа поразени минимално, домаќинот победи со минимални 5:3 на овој дуел, парадоксално во сетови ние бевме подобри со 11:13. Со ГТЦ дуелот ќе се игра на “се или ништо“ целиот влог на сезоната е ставен токму на овој натпревар. Во досегашните два круга се сретнавме по еднаш, во првиот дуел како гости победивме со резултат 3-5, а на вториот дуел бевме поразени од екипата на ГТЦ со резултат 2-6.
Натпреварот се игра во сабота, на 1-ви април со почеток во 11-00 часот во Кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје која е дом на двата тима. Формално Вардар е домаќин на овој натпревар, пред сениорскиот состав меч ќе имаат и јуниорите. Во првиот меч вардаровите јуниори триумфираа над ГТЦ со резултат 3:1 (4,5:3,5; 637:627).