Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар по втор пат ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир, во Скопје ќе гостуваат екипи како ЦСМ Букурешт и Будуќност

ЖРК Вардар по втор пат ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир, во Скопје ќе гостуваат екипи како ЦСМ Букурешт и Будуќност

Нашиот женски ракометен шампион по втор пат ќе биде организатор на турнир, кој ќе се одигра во периодот од 23-26-ти август во спортскиот центар Јане Сандански. Повторно ќе имаме можност да угостиме силни екипи и да гледаме квалитетни натпревари. Во Скопје ќе пристигнат актуелниот европски шампион екипата на ЦСМ Букурешт, потоа уште една екипа која го почуствувала трофејот во ЛШ, тоа е тимот на Будуќност, силниот тим на Ростов Дон кој прави се посилна екипа која би била конкурент за највисоки дострели. Покрај нив учесници ќе бидат и Одензе од Данска кој го предводи поранешниот тренер на Вардар, данецот Јан Питлик. како и екипата на Краснодар од Русија.

-Самиот факт што сите учесници на турнирот се клубови со искуство во играње во лигата на шампионите и другите европски купови, а некои биле и поранешни или се актуелни европски прваци ја покажува нашата намера да бидеме домаќини на натпревари од врвен карактер кои ќе бидат извонредна можност за подготовка на екипите пред новата сезона. Одличните позитивни критики што ги добивме за првиот турнир се уште еден дополнителен мотив повторно да се покажеме како добри домаќини, а на нашите гледачи да им понудиме нови и интересни натпревари. Сите клубови без размислување ја прифатија поканата за учество на турнирот што зборува за имиџот што Вардар го има во Европа. Ве очекуваме заедно да го означиме почетокот на новата натпреварувачка сезона, изјави Билјана Црвенковска, заменикот директор во Вардар за официјалната страна на клубот.

dva-evropski-prvaci-na-turnirot-na-vardar-vo-avgust-9995

Освојувачот на турнирот ќе биде награден со 5.000 евра, а второпласираниот ќе добие 3.000 евра. Екипата која ќе освои трето место ќе добие парична награда од 1.000 евра. Десет дена подоцна во истата сала ќе се одигра и машкиот турнир “Трофеј Вардар“ кој исто така треба да привлече големо внимание со оглед на екипите кои ќе бидат дел од истиот.