Денес на Европскиото првенство за борачи до 23 години кое почна вчера и ќе трае до 29 март во Полскиот град Валбрeжич своето деби за Македонија ќе го има борачот на Б.К Вардар Халил Зубаиров .
Нашиот борач Зубаиров ќе го има своето деби за нашата земја во категоријата до 86 килограми – слободен стил на Европското првенство за борачи до 23 години во Полска . Во 1/16-Финалето се среќава со Бугарскиот репрезентативен борач Гази , доколку ја мине првата пречка следува средба со победникот од дуелот Хуштун(Белорусија) / Арчичи (Украјна).
Шефот на стручниот штаб не сакаше да дава предвремени изјави , бидејќи многу сериозно и крајно професионално го сватиле настапот на Европското Првенство У-23 . Според нашите податоци , од 19 учесника на првенството сите се кандидати за учество на Европските Олимписки игри во Баку . Сите преставуваат изедначени претенденти за освојување на Европскиот трон.