Избраничките на Индира Кастратовиќ преку натпревари од Супер-лигата ја темпираат формата пред натпреварот со актулениот европски првак, екипата на Ѓер во 1/4 на ЛШ. После вчерашната убедлива победа против Пелистер, денес одиграа нов натпревар против вториот тим на Вардар. Поискусните забележаа висока победа со резултат 40:21.
Девојките на Симе Симовски дадоа силен отпор и беа донекаде рамноправен противник до првото полувреме, кога се замина со резултат 16:10. На почетокот на вториот дел дури ја намалија и оваа негатива на четири гола. Потоа следуваа неколку серии на погодоци за првиот тим на Вардар, доведувајќи го со рутинска игра крајот на натпреварот.
Кликовац во првиот тим на Вардар беше најефикасна, постигнувајќи 6 гола, Радичевиќ додаде 5 гола. Во втората екипа најпрецизни беа Керамитчиева со 7 и Тодоровска со 5 гола.
Деновиве Вардар ќе одиграат и пријателски натпревари против Дански Есбјерг, како последна подготовка пред двомечот со Ѓер.