Денес беше извлечена ждрепката за 1/4 дуели во Лигата на Шампионите. Вардар за противник го доби Полскиот првак екипата на Кјелце. Потајно го посакувавме овој противник, па желбата на крајот се оствари. По елиминацијата на Висла уште еден преставник од Полска ќе ни стои на патот кон завршниот турнир на четирите најдобри во Келн.
Еден од носителите и организаторот на играта на Кјелце, словенскиот интернационалец Урош Зорман за нашиот сајт ги сподели очекувањата за овој двомеч.
-Никого посебно не посакувавме за противник од денешната ждрепка. Го добивме Вардар и сега ќе се спремаме за тој натпревар. Можеби нашата поголема шанса е што реваншот го играме на домашен терен. Сепак ќе биде тоа многу тежок дуел во двата меча.
Овој дуел е посебен по многу работи, Зорман има настапувано за Суидад Реал заедно со Штербик, а на клупата како помошник го имал токму Раул Гонзалес
-Ќе биде тоа судир на едни од најголемите стручњаци. Јас можам да кажам само пофални зборови за Раул. Чекам само да видам која замка ќе ни ја постави. Најголемата опасност за нашата екипа секако дека доаѓа од Арпад Штербик.
И две екипи имаат можеби најдобра атмосфера и публика, која може да биде еден од факторите за конечниот победник.
-Сигурно дека и публиката ќе има свое влијание во овој дуел. И двата тима имат прекрасна атмосфера и полна сала, изјави Зорман за Вардарфанс.
Звонко Ивановски