Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Виктор Димков: Настапот за вториот тим на Вардар, за мене представува голем почеток
Виктор Димков: Настапот за вториот тим на Вардар, за мене представува голем почеток

Виктор Димков: Настапот за вториот тим на Вардар, за мене представува голем почеток

Денеска се одигра натпревар од Б-лигата помеѓу вторите екипи на Вардар и Силекс. Црвено-црните забележаа минимална победа од 1:0 со голот на стоперот Раденко Бојовиќ. Тренерот на младинците-Петар Ѓоргиевски ја предводеше екипата на денешниот меч. Тимот беше составен од неколку искусни играчи од првиот тим, како и фудбалери кои настапуваат за кадетите и младинците на Вардар. Натпреварот се одигра на теренот во Ѓорче.

-Многу сум среќен што учествував на овој натпревар, и уште посреќен што забележавме победа. Мечот помина многу добро, и тоа што настапив представува за мене еден голем почеток во мојата кариера. Со оглед дека не поминуваме долго заедно на тренинг, одлично функциониравме на теренот. Благодарност и до тренерот Ѓоргиевски кој ми пружи шанса да почнам во стартниот состав за Б-тимот на Вардар, изјави играчот на кадетите Виктор Димков за нашиот сајт.

Звонко Ивановски