Викендов во Кавадарци стигнавме до првиот трофеј сезонава за големото “црвено-црно” семејство. Девојките на кошаркарскиот клуб дојдоа до титулата во Купот, откако во финалето го совладаа актуелниот првак, тимот на Бадел со резултат 69-65. Нашиот тим за првпат во својата историја го освои пехарот во ова натпреварување. Дел од нашиот тим на завршницата беше младата 18 годишна кошаркарка Ивана Харбов. Таа е иднина на нашиот тим, девојка од која се очекува многу во продолжението од кариерата. Интересен факт за неа е дека лани беше ангажирана со репрезентацијата до 18 години што учествуваше на Европско првенство во Сараево. Оваа девојка ни ги сумира својте впечатоци од Куп одисејата и “крунисувањето“ на Вардар како Куп шампион.
За атакот на титулата навистина многу се подготвувавме и напорно трениравме во изминатиот период кој е зад нас. Ние тргнавме за Кавадарци со една цел-Титула за Вардар. Финалниот меч беше приказна за себе, се можеше да се очекува, таков всушност беше и натпреварот. Тој изобилуваше со премногу адреналин, но и голем мотив кај нас. Единствено нешто кое што премногу ни помогна да го освоиме пехарот беше преголемата желба. Не красеше тимска игра, едноставно оставивме “срце на терен“. Ние дадове се од себе како играчите на терен така и клупата која ни беше безрезервна поддршка во текот на полуфиналето, а особено во големото Куп финале.
Младата Харбов во продолжение зборува за она што не очекува, а тоа е пролетната полу-етапа во првата женска кошаркарска лига. Вардар како второпласиран замина на зимска пауза, а на пролет ќе атакува на врвот. Воедно од “прва рака“ ни ја доловува важноста на трите зимски засилувања, за играта на “црвено-црните” во Купот и во продолжението од оваа сезона.