Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки први фаворитки за освојување на лигата на шампиони
Вардарки први фаворитки за освојување на лигата на шампиони

Вардарки први фаворитки за освојување на лигата на шампиони

Како во машка така и во женска конкуренција, ЕХФ ја објави листата на најголеми кандитати за освојување на лигата на шампионите. Според експертите на ЕХФ, екипата на Вардар е најголем фаворит оваа сезона да го подигне трофејот во ЛШ. Во својата анализа за Вардарки се вели:

-Вардарки играат во страшна форма и очекувано се наоѓаат на првото место. Избраничките на Давид Дејвис Камара се единствените кои се непоразени во натпреварувањето, а како главен фактор за успехот ЕХФ го посочува одличниот играчки ростер и долгата клупа која ја поседуваат „црвено-црните“. Издание за титула ракометарките на Вардар ќе имаат да покажат во наредните два меча, кога во Скопје гостуваат Будуќност и Турингер.

Нашиот ракометен шампион е сеуште без пораз во најголемото ракометно натпреварување, каде има осум победи во серија. Оваа сезона само екипата на ФТЦ успеа да ни одземе бод и тоа во првото коло пред нашата публика. Интересно токму тие се втор најголем фаворит за освојување на првото место. Од тој меч црвено-црните делуваа убедливо, а како доказ за добрата форма беше и гостинската победа против Будуќност.

Како изгледа листата на најголемите кандидати за освојување на ЛШ:

1. Вардар

2. ФТЦ

3. Ѓер

4. Ларвик

5. ЦСМ Букурешт

6. Митјиланд.

7. Мец

8. Будуќност

9. Турингер

10. Есбјерг