Денес на програмата е 2.коло во Македонската кугларска лига. Во истото екипата на КК Вардар е домаќин на тимот на КК Империал Тобако ТКС. Натпреварот првично беше закажан за денес, 14 октомври, сабота, но истиот доби нов термин поради зафатеноста на кугланата ВИП при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје денес и изборниот ден утре.
Средба ќе имаат јуниорскиот и сениорскиот тим на црвено-црните со истиот противник. Дуелот Вардар и ривалот од Скопје кој се ќе се игра на патеките 5-8 во ВИП кугланатa ќе се одржи во понеделник, 16 октомври. Истиот е закажан со почеток во 19-00 часот. Bо првото коло избраниците на Драги Димитровски стартуваа со победа над екипата на КК ГТЦ Мусандра, а пак Империал Тобако ТКС стартуваше со пораз од шампионот КК Макпетрол. За овој меч разговаравме со играчот на Вардар, Георг Поп-Крстев неговата изјава може да ја прочитате ТУКА!