Вчера нашиот Вардар одигра меч во Македонската кугларска лига во рамки на 10.коло или го затворивме вториот круг од првенството кое се игра оваа сезона трикружно. Вардар беше домаќин на екипата на КК Империал Тобако ТКС. Црвено-црниот тим со “фенерџијата“ во лигата триумфираше со високи 8-0.
Вардарци беа домаќини на овој дуел во нивниот дом кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје. Во сетови триумфиравме со 17:7, црвено-црните има 3298 “соборени дрва“, апак нашиот противник стигна до бројката 3074. Најдобар кај нас беше нашиот лидер Димитар Димитровски кој имаше 571 “соборено дрва“. Новакот во нашите редови оваа пролет Ѓеорѓ Поп Крстев конечно блесна, тој беше одличен и имаше 561 “чуња„. Најдобрата тројка кај нас ова коло ја заокружуваме со Бране Митиќ кој беше веднаш зад својте колеги со скор од 558. Донковски победи 3-1 и впиша 542, Згонц имаше 537″чуња”. По оваа победа избраниците на Драги Димитровски, нашати вардарци се одлепиа на плус два во однос на КК ГТЦ Мусандра, со меч повеќе бидејќи они ова 10.коло го играат викендов.
Средба покрај сениорите имаа и ншите јуниори со нивните врсници од Империал Тобако. По три триумфа досега во исто толку мечеви ние го забележавме првиот пораз кај младите момци. Нашите надежи имаа 623 “соборени дрва“, а противникот беше на “плус триесет“ од нас односно скорот му беше 653.