Екипата на ЖРК Вардар во изминатиов период ги продолжи договорите со неколку ракометарки кои изминативе сезони исто така беа дел од составот. Една од нив е и репрезентативката на Словенија, Барбара Лазовиќ која ја продолжи верноста со клубот. Лазовиќ пред две сезони заедно со Пенезиќ пристигна во Скопје од екипата на Крим Меркатор. Оваа сезона зад нејзиното име запиша 18 погодоци, вкупно 99 голови во дресот на Вардар. Во врска со продолжување на договорот, Лазовиќ за нашиот сајт го изјави следново:
-Многу ми е мило што го продолжив договорот со Вардар. Тука сум веќе три години и се чуствувам како дома. Изминатите сезoни имавме можност секогаш да стигнеме до финалето, но немавме среќа. Оваа сезона се надевам дека ќе биде среќна за нас, одиме чекор по чекор и натпревар по натпревар. Имаме добра екипа, располагаме со два квалитетни играчи на секоја позиција и во тоа е нашата предност оваа сезона. Клубот има уште поголеми амбиции за во иднина и тоа секако е добро за ракометот во Македонија и во Европа.
Во недела не очекува натпревар од четвртото коло во главната рунда против екипата на Будуќност.
-Во недела го пречекуваме Будуќност и се надевам дека ќе ја повториме играта од Подгорица и ќе забележиме победа, со што ќе ја продолжиме серијата на победи.
Звонко Ивановски