Saturday ,23 June 2018
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Интервју со Завировски: Задоволен сум од интензитетот на тренинзите
Интервју со Завировски: Задоволен сум од интензитетот на тренинзите

Интервју со Завировски: Задоволен сум од интензитетот на тренинзите

Зимата полека минува наскоро доаѓа пролетна и засилената активност во атлетиката каде ќе има серија настани, трки, маратони. Најактивниот атлетичар на Вардар, младиот Петре Завировски имаше тешка сезона зад себе во минатата 2017 година со неколку повреди и пехови, но и покрај тоа одржуваше континуитет. Се очекува од него во новата 2018 да “блесне“ повторно и да биде на високо ниво онакака како што не навикна во кариерата особено во 2016 година кога едноставно “газеше“ се пред себе. Во продолжение ви носиме интервју со овој млад црвено-црн атлетичар.

1. Кои се твојте планови за оваа 2018 година и твојте цели како млад атлетичар?

petre

Официјално сезоната е веќе започната со настапи во сала на дел од атлетичарите. Но, јас сеуште немам дефинирано кога и каде ке ја започнам сезоната. Сеуште е премногу рано решив да одам скалило по скалило. Да се концентрирам само на натпреварот што е пред мене. Да не гледам далеку во натпреварите кои се одржуваат во април или мај. Туку само за она што е сега и тука. Се надевам дека тоа ќе донесе резултат.

2. Како се одвиваат подготовките за престојната атлетска пролет?

Се чувствувам добро на тренинзите. Формата оди во нагорна линија. Сојузник ми беше и зимата невообичаено топлото време и те како ми оди во прилог. Одработив добри тренинзи за брзина и брзинска издржливост. Сосема е добра и неделната километража како и интензитетот. Задоволен сум од засега сработеното.

petre2

3. Која е  прва трка на која може да те очекуваме да настапиш во идниот период?

Како што кажав сеуште немам одлучено кога и каде ќе ја започнам сезоната. Единствено имам потврдено учество на Скопско Маратон-218. Но, тоа е многу далеку.

4. Каква е твојата  оценка за изминатата година, 2017  што посебно би истакнал за истата?

Сезона во која имав неколку добри настапи. Како на Гази Баба Челинџ, Најк лигата, Скопје ран и Подгорички полумаратон. Но и повреда поради која долго паузирав. Поради што воопшто не се чувствував добро. Наместо да се намалува болката се зголемуваше. Специјалистите немаа јасен став околу начинот на лекување. Се одлучивме за подолга пауза. Што делумно даде ефект. Сега сеуште чувствувам повремено болка на некои тренинзи.

petre-0

5. Како успеваш да го одржиш континуитетот ?

Максимално е темпото и многу е тешко да се издржи. Со оглед на тоа што сум вработен. Паралелно тренирам секој ден. Многу е тешко. Се надевам ќе издржам со ваввото темпо кое го практикувам.

6. Често пати има реакции упатени кон тебе и други атлетичари, зашто е тоа така?

petre-3

За поголем дел од нив не ни знам. Мене ми е навистина жал. Зошто го прават тоа не можам да сфатам. Да добијат на значај но што ке добијат на значај со мене. Зошто луѓето мислат дека ќе добијат на значај ако направат не некој лошо. Неможам да сватам. Веројатно зошто е многу полесно некому да се направи лошо отколку добро. Не велам дека и јас сум без грешен. И јас знам да направам некој кикс или грешка. Но се трудам тоа да биде во рамките на моралот. Секогаш се обидувам со моите постапки да не биде никој деградиран, навреден или повреден. Секако што и да се направи на половина од луѓето ке им се допадне на половина нема- вели Завировски за Вардар фанс.