Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати патниците на сите три вардарови генерации на турнирот во Сандански, како и распоредот на одигрување натпревари
Познати патниците на сите три вардарови генерации на турнирот во Сандански, како и распоредот на одигрување натпревари

Познати патниците на сите три вардарови генерации на турнирот во Сандански, како и распоредот на одигрување натпревари

Во текот на утрешниот ден, три генерации на ФК Вардар ќе заминат за Сандански (Бугарија), каде ќе учествуваат на силен меѓународен турнир.

Генерацијата “2006“ на ФК Вардар својот прв натпревар во четврток ќе го одигра со екипата на ЦСКА Софија, меч кој започнува од 10:30 часот по бугарско време ( 09:30 македонско време). Истиов ден, во второто коло со почеток од 15:00 часот, противник ќе ни биде екипата на Добростол Силистра.

Тренерот Јанев во Сандански ќе отпатува со следниот состав: Андреј Данстак, Драган Јанкоски, Кристијан Галевски, Димитар Порчу, Михаил Николов, Дарко Сековски, Никита Патаровски, Марко Николовски, Стефан Коловски, Олег Михајловски, Александар Миовски, Михаил Танчев, Максим Цониќ, Нуман Ајетовиќ, Алтин Алији.

Во четврток генерацијата “2007“ ќе одигра два натпревари. Најпрво од 11 часот по бугарско време ( 10:00 по македонско) силите ќе ги одмериме со екипата на Локомотив Софија, додека од 17:00 часот во второто коло ќе играме против Марек Дупница.

Тренерот Томче Трајановски се одлучи за следниот состав, со кој ќе настапи на турнирот: Јовица Спасовски и Даниел Исајловски (голмани), Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Димитар Фидановски, Кристијан Јаковчевски, Алексеј Ивановски, Марко Крстевски, Марко Киш, Петар Мицевски, Александар Грашески, Никола Јовановски, Борјан Томовски, Стефан Младеновски, Златко Радески, Емир Шаботиќ.

Вардаровата генерација “2008“ турнирот ќе го отвори во четврток, со дуел против екипата на ЦСКА Софија, меч кој започнува од 12:00 часот ( по бугарско време). Во истиов ден ќе одиграме уште еден натпревар а противник ни е екипата на Витоша од Софија, натпревар предвиден да започне од 16:00 часот.

Павел Неделковски, тренерот на генер. “2008“ се одлучи за 12 играчи кои со себе ќе ги понесе во Сандански. Се работи за: Лука Грчевски (голман), Огнен Бојковски, Матео Кесиќ, Горазд Попоски, Иван Ташовски Ненад Дамјаноски, Арти Азизи, Коста Бошковски, Матеј Киш, Стефан Бранковски, Стефан Марковски, Павел Андов, Петар Јаковлевски.