ИХФ ги објави номинациите за најдобар ракометар и ракометарка за 2017 година, вардарецот Лука Циндриќ е еден од петте конкуренти за признанието. Најголема препорака покрај одличната сезона е и неговиот фантастичен настап на завршниот Ф4-турнирот во Келн, но и улога на лидер во репрезентацијата на Хрватска на штотуку завршеното ЕП кое се играше во неговата земја.
Номинирани се уште и Домагој Дувњак, Никола Карабатиќ, Сандер Сагосен, и Анди Шмид. Номинациите ги составила експертска комисија на ИХФ, но и гласовите на селекторите на националните тимови. За кандидати ќе се гласа он-лајн, до 20 февруари. За нашиот играч ќе можете да гласате на следниот Линк.