Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КУП: Кошаркарките на Вардар во 1/2-фин. ќе се соочат со Пелистер, црвено-црните дами во Кавадарци ќе ја бранат ланската “круна„
КУП: Кошаркарките на Вардар во 1/2-фин. ќе се соочат со Пелистер, црвено-црните дами во Кавадарци ќе ја бранат ланската “круна„

КУП: Кошаркарките на Вардар во 1/2-фин. ќе се соочат со Пелистер, црвено-црните дами во Кавадарци ќе ја бранат ланската “круна„

Градот Кавадарци и оваа година ќе биде центар на кошаркарските збиднувања од 16. до 18. февруари. Македонската кошаркарска федерација во спортската сала „Јасмин“ ќе го организира празникот на спортот со портокаловата топка – кошаркарскиот Куп.

Првите осум  пласирани екипи во кај мажите ПЛМ по првиот дел од натпреварувањето (11. коло) ќе разигруваат меѓу себе по систем првопласирана екипа против последно пласирана екипа (1-8, 2-7, 3-6, 4-5) во рамки на четвртфиналните дуели.

Во женската прволигашка конкуренција ќе разигруваат четирите прворангирани екипи по истиот систем. Бадел 1862 во првото полуфинале ќе се надигрува со Струга 2009 додека во второто полуфинале ќе се пресметаат Вардар и Пелистер за место во финалето. Нашите девојки сезонава влегуваат како бранители на Куп пехарот од измината сезона во ова натпреварување кога во финалето го изненадија фавориот Бадел 1862 и дојдоа до првиот пехар во историјата.