Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Приказна која трае шест години, “Страхиња Милиќ-Џамбо, поим за верност кон Вардар и голман кој успеа да освои се што можеше со црвено-црните
Приказна која трае шест години, “Страхиња Милиќ-Џамбо, поим за верност кон Вардар и голман кој успеа да освои се што можеше со црвено-црните

Приказна која трае шест години, “Страхиња Милиќ-Џамбо, поим за верност кон Вардар и голман кој успеа да освои се што можеше со црвено-црните

Само неколку дена откако Вардар ПРО го договори младиот хрватски “анонимен“ интернационалец, Игор Карачиќ, црвено-црните кои во тој период ги предводи од клупата Веселин Вујовиќ се решаваат голманската позиција да ја засилат со Страхиња Милиќ, кој доаѓа од екипата на Партизан, односно тој ја пополнува празнината кој ја остави со заминувањето тогашниот чувар на мрежата на Вардар, Борко Ристовски кој се решава на интернационална кариера надвор од својата земја, односно моменталниот прв голман на македонската репрезентација се сели во најсилната бундес-лига, во екипата на Гумерсбах.

vardarfans-milic-2

Милиќ става потпис со клубот, на 20-ти февруари 20102 година и заедно со Иван Мартиновиќ и Градимир Чаневски го сочинуваат голманскиот тандем на Вардар. Милиќ како прв голман за само два месеци престој во Вардар, успева со клубот да стане освојувач на првата сезона 2011/12 на СЕХА-лигата и тоа победувајќи го во големото финале тимот на Металург. Истата сезона Вардарци го победуваат големиот ривал и во националниот куп, но ја губат битката за титулата во лигата.

vardarfans-trrofej

Веќе следната 2012/13 сезона со Вардар  станува вицешампион на СЕХА-лигата, каде во финалето сме поразени од Загреб. Друштво на Милиќ и Чаневски им прави Златко Даскалоски, кој е новиот колега на Милиќ на голманската позиција, кој е замена за Иван Мартиновиќ кој по една година го напушт клубот. Истата сезона за само еден гол бевме елининирани во двомечот со Магдебург во рамките на ЕХФ купот и не успеавме да се пласираме во групната фаза. Но она што е најважно дека таа година успеваме по неколку сезони да го симнеме Металург од врвот и да станаме шампиони на Македонија.

vardarfans-dogovor

По завршување на оваа натпреварувачка сезона доаѓа до промени во клубот. Сопственик станува господинот Сергеј Самсоненко, кој го презема клубот од Михајло Михајловски, кој му ја дава довербата да застане на чело на клубот. Тоа значеше и смена на тренерската позиција, каде замина Вујовиќ, а како нов кормилар беше претставен Зоран Кастратовиќ. Ново засилување на позицијата голман е шпанецот, Инаки Малумбрес и тој е четвртиот голман во сезоната 2013/14 заедно со Милиќ, Чаневски и Даскаловски. На 17-ти февруари или блиску две години престој во Вардар, клубот решава да го продолжи договорот со младиот српски голман, Страхиња Милиќ кој става потпис на верност со црвено-црните до 2019 година. Истата сезона во зимскиот период, нов голман на Вардар е Петар Ангелов-Диви, додека следната сезона, клубот го напушта Даскалоски и се сели во првенството на Романија, во екипата на Темишвар.

vardarfans-milic

Истиот ден своите договори со клубот тогаш ги продолжија и Дибиров (2020 година), Абутовиќ, Карачиќ, и Тоскиќ кој не е веќе дел од Вардар. Таа 2013/14 сезона се вративме на настапите во најголемото ракометно натпреварување, каде имавме одлична сезона и стигнавме до најдобрите осум екипи во Европа. По само неколку меча, дојде до промена на тренерското столче, каде Раул Гонзалес го замени Зоран Кастратовиќ. Тогаш направивме сензација елиминирајќи го актуелниот европски шампион, екипата на Хамбург, додека во 1/4, Фленсбург за само еден гол ни ја скратува среќата да се пласираме на Ф4 во Келн.

vardarfans-milic3-660x330

Следната 2014/15 сезона, Милиќ добива вистинска конкуренција на голот, во името на Арпад Штербик кој доаѓа од екипата на Барселона и кој очекувано станува прв избор на оваа позиција во екипата, предводена од Раул Гонзалес. Следеа сезони, кога “Џамбо“ со Вардар на три пати стигна до најдобрите осум екипи во Европа, а врвот на неговата кариера до овој период ја достигнува со историскиот пласман на Ф4 во Келн и освојување на Европската титула во минатата натпреварувачка 2016/17 сезона. На завршниот турнир, Милиќ со Вардар успева да ги победи екипите на Барселона и ПСЖ и да ја освои Лигата на Шампионите.

vardarfans-sterbik-milic-660x330

Популарниот “Диви“ се решава да ја продолжи кариерата во Турција. За Страхиња  ова е шеста сезона за него во Вардар и во овој период освои четири првенствени титули, пет национални купа, еден супер куп, како и три трофеи во СЕХА-лигата. Се очекува колекцијата на титули да ја зголеми и  оваа сезона, каде имаме големи шанси да ги одбраниме трофеите во првенството и купот на Македонија, а повторно сме меѓу фаворитите и за одбрана на титулата во ЛШ и СЕХА-лигата.

26165585_10156568219005348_4261308156350701634_n

После заминувањето на Штербик од следната сезона во Веспрем, се очекува нов колега на Милиќ и младиот Ѓорѓески кој ја игра првата сезона во првиот тим на Вардар, на голманското место да му биде неговиот соиграч од српската репрезентација, се работи за Дејан Милосављев кој е трет голман во селекцијата на Србија и моментално чувар на мрежата на Партизан. Тој во месец март полни 22 години и интересно се поклопува со времето кога, Милиќ со само 21 години го засили сега веќе Европскиот Шампион.