Во сабота, екипата на ЖРК Вардар ги продолжува натпреварите од главната рунда во Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански гостува екипата на Будуќност од Црна Гора. По тој повод, од клубот во четврток ќе одржат прес-конференција, која ќе започне во 12:00 часот. Истата ќе се одржи во собата за видео проекции во С.Ц Јане Сандански.
Натпреварот против Будуќност во сабота ќе започне од 15:00 часот.