Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е на второто место, според шансите на екипите оваа сезона да ја освојат Лигата на Шампиони
Вардар е на второто место, според шансите на екипите оваа сезона да ја освојат Лигата на Шампиони

Вардар е на второто место, според шансите на екипите оваа сезона да ја освојат Лигата на Шампиони

По првиот дел од сезоната, Вардар е единствениот тим кој се уште нема пораз во сите четири групи од Лигата на Шампионите. Тоа ги сместува црвено-црните во изборот, за најголеми претеденти за одбрана на Европската титула. Според најновото рангирање на ЕХФ, пред продолжување на возбудувањата во ЛШ, Вардар е сигурен патник на завршнио турнир во Келн и екипа која е на второто место со најголеми шанси да го освои трофејот од најголемото ракометно натпреварување.

Сите тие сакаат да докажат дека Вардар не е еднократно чудо, тие се единствениот непоразен тим во Лигата на шампионите оваа сезона и можат да се потпрат на ѕвездата на Европското првенство, шпанскиот голман и херој Арпад Штербик. Овие причини се доволни, актуелниот бранител на трофејот да биде рангиран на второто место стои во анализата на ЕХФ.

ПСЖ е најголем фаворит за освојување на врвот, додека веднаш зад него е Вардар. Вака изгледа новиот ранкинг на ЕХФ, шансите на екипите оваа сезона да бидат шампиони на Европа.

1. ПСЖ

2. Вардар

3. Веспрем

4. Фленсбург

5. Нант

6. Рајн Некар

7. Барселона

8. Кјелце

9. ПИК Сегед

10. Мешков Брест