Екипата на ЖКК Вардар во 2.коло полесно од предвидувањата славеше победа на гостувањето во Куманово (66:50). „Вардарки“ го најавија тоа со извонредната прва четвртина во која реализираа убедливо водство од (21:7), на полувремето беше слично (38:20).
Нешто подобро домашните кошаркарки заиграа по паузата, но не успеаја да се спуштат и на едноцифрено заостанување. По три одиграни четвртини беше (51:38) за Вардар, екипа која успеа да го задржи и да слави по втор пат од почетокот на новиот шампионат.
Славица Наков реализираше 19.поени, но имаше и осум скока и две асистенции, ја следеше Димитријевиќ, која постигна 15 поени (плус седум скока и пет додавања), Зафировска ги испрати со 10.
Вардарки имаат 2/2 во новата сезона. Во првото коло против Бадел на домашен терен црвено-црните забележаа убедлива победа во дербито со 87-62. На таа средба исто така искусната Наков беше прв стрелец со 21.поен.