Кугларскиот клуб Вардар ја преставуваше Република Македонија на Европскиот куп кој оваа сезона се одигра во Брчко, Босна и Херцеговина. Вардарци имаа одличен настап особено во првите два дена кога беа во врвот на табелата, на крајот завршија во топ-8 екипите, што е секако одличен успех за еден македонски тим на ваков собир.
Веќе првиот ден почнавме фуриозно, брилјираше Пецо Димовски со личен рекорд од 629, Саша Јанковиќ со повеќе од солидни 596. И на вториот натпреварувачки ден продолжи вардаровата бајка со одличните настапи на Милош Миливојевиќ со 623 и Коста Ристевски со 616. Екипен просек по 4 играчи во тој момент беше 616.
На оследниот ден, настапија Коста Манев и Дарко Димитровски не успеаа да го одржат високиот ритам на екипата од првите 2 дена (576 и 572), но доволно одиграа за клупски рекорд 3612 и просек 602 по играч, како и најдобар пласман на европските купови во кратката клупска историја.