Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар со победа замина на зимска пауза, Гиевски со најдобар скор
Куглање: Вардар со победа замина на зимска пауза, Гиевски со најдобар скор

Куглање: Вардар со победа замина на зимска пауза, Гиевски со најдобар скор

Во Македонската кугларска лига(МКЛ) со одигрување на седмото коло,  заврши првиот круг од сезоната 2019/2020. Сега следи зимска пауза која ќе биде на сила до втората половина на јануари, во меѓувреме ќе се одиграат поединечните државни првенства.

Во последното коло, КК Вардар се сретна со тимот на КК 18 Август, црвено-црните куглари дојдоа до лесна и убедлива победа на оваа средба.  Победата на мечот одигран во кугларницата “Мусандра“ дојде со резултат 7-1, или во сетови 17,5 наспроти 6,5. Вардарци имаа екипитен резултат од 3203 “соборени дрва“, ривалот успеа да собори 3028.  Влатко Гиевски имаше број еден скор, 561 “чуњ“, втор резултат со 551 забележа Зоран Ристиќ, а најконстантниот оваа кугларска есен Згонц дојде до 540 „соборени дрва“.

По седум кола ситуацијата на табелата е доста интересна, Макпетол е суверено на врвот како што се очекуваше со максимални 14.бода. На позициите зад него се: Вардар, ГТЦ и Пелистер сите три тима имаат по идентични 10.бода па на пролет ќе следи интересна разврска околу вице-шампионската позиција.