Вчера, селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот на ракометарки повикани за меѓународен пријателски турнир во Анталија-Турција. Ha истиот од тимот на ЖРК Вардар се повикани три девојки, пикерот Ивана Џатевса и бековите: Милица Николиќ и Седлоска Андреја.
Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 18.11.2019 во СЦ Борис Трајковски со почеток во 10:00 часот. На турнирот нашата сениорската репрезентација ќе одигра натпревари против репрезентациите на Турција (А), Турција (B), Италија и Косово.
Список на повикани ракометарки
Распоред на натпревари:
22.11.2019 Македонија – Турција (A)
24.11.2019 Македонија – Италија
24.11.2019 Македонија – Турција (B)
25.11.2019 Македонија – Косово